GRUNDIG ТВ РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ 3 ГОДИНИ, НА РЕДОВНАТА ГАРАНЦИЈА ОД 2 ГОДИНИ

Честитки за изборот на Grundig UHD TV. Ние стоиме зад квалитетот на нашите производи, затоа Ви нудиме продолжена гаранција од 3 години на Ultra HD моделите.

Продолжената гаранција од дополнителни 3 години, започнува да важи по истекот на периодот од 2 години на редовната гаранција на Ultra HD моделите, при што вкупниот период на гаранција за производите ќе изнесува 5 години гаранција.

За да се стекнете со правото на продолжена гаранција, неопходно е да го регистрирате ТВ-уредот најдоцна до 12.09.2019. година на следниот линк: http://grundig5.com/mk/registration.

Ако имате било какви прашања или грижи во врска со регистрацијата, пишете ни на info-mk@grundig5.com и ние ќе Ви одговориме што е можно побргу.

Внимателно пополнете ги следниве полиња:

ИМЕ НА МОДЕЛОТ*:

Ве молиме внесете ги вашите податоци за извршеното купување:

За да ја завршите регистрацијата, ве молиме потврдете:

СЛЕДЕТЕ ГИ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ГАРАНЦИЈА

* = задолжителни полиња


УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА

1. Продолжената гаранција се однесува само на следните модели на Grundig TV:
40 VLX 6000 BP, 40 VLX 7700 WP, 40 VLX 7730 BP, 40 VLX 7730 WP, 40 VLX 8681 BP, 40 VLX 8720 BP, 43 VLX 6740 BP, 43 VLX 7710 BP, 43 VLX 7730 BP, 43 VLX 7730 WP, 43 VLX 7850 BP, 48 VLX 8573 BP, 48 VLX 8582 BP, 48 VLX 8582 SP, 48 VLX 8582 WP, 48 VLX 9470 BP, 49 VLX 7710 BP, 49 VLX 7730 BP, 49 VLX 7730 WP ,49 VLX 7850 BP, 49 VLX 8681 BP, 49 VLX 8720 BP, 49 VLX 9681 SP, 55 VLX 7000 BP, 55 VLX 7730 BP, 55 VLX 7730 WP, 55 VLX 7850 BP, 55 VLX 8484 BL, 55 VLX 8573 BP, 55 VLX 8582 BP, 55 VLX 8582 SP, 55 VLX 8681 BP, 55 VLX 8720 BP, 65 VLO 9795 SP, 65 VLX 7850 BP, 65 VLX 8725 BP, 65 VLX 9681 SP, 65 VLO 9790 SP, DD Fine Arts 65 FLX 9591 BP, FINE ARTS 55 FLX 9492 SP, Fine Arts 55 FLX 9591 BP, Fine Arts 55 FLX 9690 SP, Fine Arts 65 FLX 9690 SP, 43 VLX 7800 BP, 43 VLX 6820 BP, 49 VLX 7800 BP, 49 VLX 6820 BP, 55 VLX 7800 BP, 55 VLX 6820 BP, 40 VLX 7810 BP, 43 VLX 7700 WP, 49 VLX 7700 WP, 55 VLX 7700 WP, 65 VLX 7730 BP, 43 VLX 6900 BP, 43 VLX 7810 BP, 49 VLX 7810 BP, 55 VLX 7810 BP, 55 VLX 7710 BP, FINE ARTS 65 FLX 9492 SP, 43 VLX 7840 BP, 3 VLX 7850 WP, 43 VLX 7850 BP, 49 VLX 7840 BP, 49 VLX 7850 WP, 9 VLX 7850 BP, 55 VLX 7840 BP, 55 VLX 7850 WP, 55 VLX 7850 BP, 65 VLX 7840 BP, 65 VLX 7850 BP

2. Продолжената гаранција важи само за купување на Grundig TV моделите од точка 1, купени во периодот од 12.07.2019. година до 12.08.2019. Производите мора да бидат регистрирани преку веб страната http://grundig5.com/mk/registration, најдоцна до 12.09.2019. година. Во спротивно, продолжената гаранција нема да биде валидна и купувачот ќе може да го искористи правото само на редовна гаранција од 2 години.

3. Оваа продолжена гаранција се однесува само на производи купени на територијата на Република Македонија.

4. Изјавата за гаранција на продолжена гаранција ќе се смета за неважечка ако се утврди дека не е комплетна ако е изменета и / или содржи неточни податоци внесени при регистрацијата на производите.

5. При поднесување на барање за поправка за време на гаранцијата, како дел од продолжената гаранција, треба да се достави следново:

  • оригинален гарантен лист
  • оригинал или копија од фискалната сметка

6. Нашата одлука за сите прашања кои се однесуваат на жалбите поврзани со дефекти во изработката или материјали кои биле користени за време на продолжената гаранција ќе биде конечна и обврзувачка и купувачот се согласува да ги почитува овие одлуки. Сите неисправни делови што се заменети во рамките на продолжената гаранција ќе станат сопственост на Grundig.

7. Условите за продолжена гаранција напишани во оваа изјава се во согласност со редовните гарантни услови на Grundig, опишани во стандардната гаранција. Пред секоја постапка, потребно е да ги прочитате стандардните гарантни услови.

8. Оваа продолжена гаранција се издава во согласност со законите на Република Македонија и е во согласност со позитивната деловна практика на брендот Grundig.

9. За време на продолжениот гарантен период, корисникот има право да го замени производот само ако апаратот не може да се поправи.

10. За време на продолжениот гарантен рок, рокот за периодот на поправка не е дефиниран со закон и може да биде подолг од 30 дена.

11. Оваа продолжена гаранција е предмет на следниве ограничувања и исклучувања:

  • дефект или штета предизвикана од виша сила, оган, граѓански нереди и / или несреќи
  • дефекти предизвикани од употреба на погрешен напон на електрична струја и / или последователна штета од небрежност и / или злоупотреба
  • Употреба на уредот која што не е во согласност со инструкциите за употреба
  • поправки извршени од неовластени лица и / или не правилни монтажи кои не ги исполнуваат барањата од упатството за користење
  • производи кои се користат во комерцијални или надвор од населени места.